Фудбал
2. јуни 2020 - 9:01

Пандемијата го прекина фудбалот во БиХ, Сараево шампион

Натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина потврди дека сезоната 2019/20 нема да се доигра бидејќи нема услови за фудбал, прогласувајќи го Сараево за шампион.

Покрај тоа, се носи одлука Челик и Звијезда 09 да испаднат од лигата (иако вториот клуб најави тужба против федерацијата), додека во Премиер лигата влегуваат Олимпик и Крупа. Сараево ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, Железничар, Зрињски и Борац ќе играат во квалификациите за Лига Европа.

Железничар, кои заостануваа само два поени зад Сараево по одиграни 22 кола, објавија дека се апсолутно против одлуката.

„И покрај сите наши напори и давањето на конкретни решенија, сметаме дека е донесена одлука која штети на фудбалот и спортот во БиХ. Ние не тргнавме по патот на речиси сите европски земји и не сакаме да се сомневаме дека одлуката се носи од неспортски мотиви“, објaвија од Железничар.