Ракомет
27. October 2020 - 19:44

Пандемијата го одложи гостувањето на Вардар во Париз

Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз
 
Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.
 
По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин.
 
За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед.