Пандемијата длабински ќе ја промени светската економија
Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот „длабоко ќе ја промени“ светската економија, која сега повеќе ќе биде ориентирана кон екологијата и нумерацијата, а Европа овие промени ќе ги дочека во „одлична позиција“, оцени директорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.
Кризата ќе ја забрза трансформацијата на европските економии, а таа трансформација е веќе „латентно присутна“, рече Лагард за време на видео конференцијата за економијата на францускиот регион Екс-ан-Сен, во Париз.
-Кога станува збор за производството, пазарот, вработувањето, тоа што ние во моментот го доживуваме веројатно ќе доведе до еволуција кон поодржлив начин на живот, што ќе биде повеќе еколошки, рече Лагард.
Според париски „Фигаро“, Лагард посебно се осврна на работата од далечина (дома), која, како што оцени, ќе „го трансформира начинот на функционирање на сите вработени“, барем кога станува збор за развиените земји.
Таа, исто така, оцени дека ќе има значително зголемување на употребата на нумерички технологии и роботика во индустријата.
-Соочена со ваквите трансформации, Европа е во одлична позиција да ги прифати, додаде Лагард.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово