Пандели Мајко не се откажува од бришење на границата меѓу Албанија и Косово
Албанскиот министер за дијаспора Пандели Мајко, од северниот град Кукс, за време на одбележувањето на 20-годишнината од егзодусот на Албанците од Косово, изјави дека границата меѓу Косово и Албанија продолжува да биде онаа на поранешна Југославија и оти мора напорно да се работи за укинување на граничните бариери.
– Косово и Албанија се чувствуваат подобро, но сакаме да биде уште подобро. Албанци сме и имаме две граници. Тоа е граница на поранешна Југославија. Треба да го направиме тоа за Косово и Албанија, што ќе биде многу брзо, изјави Мајко, кој беше премиер за време на косовската криза во 1999 година.
Минувајќи ја границата пеш, Мајко рече дека тоа е задоволство, по 20 години кое самото по себе зборува се што се случило, како се сеќаваме, што се се промени, и причините зошто сме тука сите заедно.
Градоначалникот на Кукс, Башким Шеху, на чија тертиорија е преминот Морина, рече дека градот повторно по 20 години се чувствува почестен.
– На овие денови треба да се потсетуваме за добро, за обединување, за се, порача Шеху.
Ново на Сител
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето