Живот
4. September 2016 - 9:01

Панда во Зоолошката градина во Атланта повторно роди близнаци

Пандата Лун Лун од  зоолошката градина во Атланта, во САД, роди близнаци, пренесоа американските медиуми.

Деветаесетгодишната Лун Лун, претставник на видот големи панди, вчераутро роди двете мали мечиња. Тоа е втората двојка близнаци, родени од неа, информира градината.

Лун Лун била вештачки оплодена во март.

Лун Лун на својот партнер, 18-годишниот Јан Јан, му родила вкупно седум панди, и сите со вештачко оплодување.

Се очекува двете близначиња првпат да бидат покажани во јавноста во декември или на почетокот на јануари.