Македонија
16. February 2016 - 16:22

Панчевски: Судиите во кривичниот суд се апсолутно независни

Судиите од кривичен  носат независни и непристрасни одлуки тврди претседателот на основен суд Скопје 1. Панчевски кој учествуваше на тркалезната маса на академијата на судии за оценување  на работата на судиите и претседателите на судови , увери во независноста во работењето на неговите колеги од Кривичен суд.

Судиите разменуваа искуства и даваа предлози како да се подобри процесот на евалуација на работењето на судиите. Академијата организираше дебата по препораките од ивештајот на експертскиот тим од европската комисија за итни реформи во судството. Оценувањето на судиите е со цел спроведување правда со највисок можен квалитет.

-Треба да се подобри системот на евалуација, повеќе да се стави акцент на квалитетот отколку на квантитетот во критериуимите при оценка на работењето на судиите, Тизјави Анета Арнаудовска директор на академина на судии и јавни обвинители.

-Евалуацијата на судиите, која е една од главните надлежности кои ги има Судскиот совет, е од интерес не само на Советот за да ги констатира состојбите во судството по однос на ефикасноста и квалитетот на работата на судиите, туку и за афирмација на самите судии, јакнење на нивната лична мотивација, изјави Александра Зафировска член на судски совет во РМ.

Постојат европски стандарди кои треба да се постигнат но целиот процес смета гостинот , судија на Врховен суд во  Хрватска, кој е потпретседател на советодавниот совет на европски судии. Според него евалуацијата е оружје со кое ќе се зголеми позицијата на судската власт во државата.

- Евалуацијата на секоја интелектуална работа не е едноставна и не може да се мери со вреднувањето на некој друг, иако во јавноста има обиди тоа да се направи. Постојат некои стандарди во Европа кои треба да се задоволат. Основната цел на оценувањето е да се постигне поголема доверба на јавноста кај судиите за да се зголеми квалитетот на судските одлуки и општо довербата и квалитетот на судот кон граѓаните, изјава Ѓуро Сеса потпретседател на Советодавниот совет на европските судии при Совет на Европа.

Судскиот совет во  Македонија веќе 7 години  врши евалуација  на судиите. Воочените недостатоци се во делот на подобрувањето на идикаторите за утврдување на квалитетот на судиите. Со новиот закон,  евалуацијата на судиите се врши на две години за разлика од претходно кога судиите беа оценувани секоја година.