Македонија
20. September 2018 - 17:25

Панчевски: Дефектен е АКМИС системот и закочен е на судијата Кацарска

Близу три часа траеше распитот во обвинителството на поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Владимир Панчевски не одговори какви прашања имале обвинителите за работењето на електронскиот систем за распределба на судски предмети додека тој бил прв човек на Кривичниот суд.. Смета дека истрагата за работата на АКМИСОТ е системски дефект.

„Денеска бев повикан во врска со системските дефекти кои што го истражувале и го истражуваат АКМИС-от во изминатава година. Посебно би сакал да кажам дека акцент беше ставен во однос на дефектот кој што е во моментов во Основниот суд Скопје 1 и тоа што АКМИС системот е закочен на судијата Кацарска“, изјави Владимир Панчевски, Поранешен претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Според поканата за распит во Основното Јавно обвинителство, Панчевски е осомничен за две кривични дела. Се товари за злоупотреба на службената положба и овластување како и несовесно работење во службата.. Претходо, обвинителството објави дека на почетокот од месецов бил направен непосреден увид во кривичните предмети во скопска единица и системот за евиденција на предметите заради утврдување евентуални неправилности.

Инаку обвинителството отвори предмет за злоупотреби на системот АКМИС по извештајот изготвен од Министерството за правда. Тој открил низа неправилности во системот за распределба на судските предмети во Кривичен, Апелациониот и Врховниот суд. Често се менувал годишниот распоред за работа на судиите, кривични предмети ги работеле судии од граѓанскиот оддел, предмети се делеле на рака.