Loading Video...
Кошарка
28. October 2021 - 18:26

Панатинаикос ја продолжи голготата на шампионот Анадолу Ефес

Актуелниот шампион во кошаркарската Евролига, Анадолу Ефес ја продолќува својата голгота во новата сезона. Во дуел од 6.коло турската екипа го претрпе и петиот пораз и тоа убелив на гостувањето кај Панатинаикос во Атина каде загуби убедливо со 26 поени разлика 95-69.
 
Дарли Макон беше нерешива енигма за гостите од Истанбул, па Американецот средбата ја заврши со 34 поени.
 
 
На останатите натпревари Уникс славеше против Басконија со 83-69, Реал го победи Зенит на гостински терен со 75-68, а изненадување приреди Лион Вилербан кој ја победи московска ЦСКА со 70-68.

Веќе денеска и утре продолжуваат натпреварите со  дуелите од 7.коло, а вечерва на програме се дуелите: 

АЛБА БЕРЛИН - БАЕРН 20:00 часот 
ОЛИМПИЈАКОС - ФЕНЕРБАХЧЕ 20:00 часот
МАКАБИ Т.А - БАРСЕЛОНА 20:05 часот
ОЛИМПИЈА МИЛАНО - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 20:30 часот