Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии помеѓу Србија и Косово
Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер не ја исклучи можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.
– На страните им останува да ги утврдат параметрите на дијалогот, истакна Палмер во интервју за порталот „ЕУобсервер“ во Брисел, запрашан за планот за размена на територии, пренесе српската новинска агенција БЕТА.
Тој посочи дека ги поддржува „страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса, да ги стават сите важни прашања на масата за преговарање и да најдат начин за нормализирање на односите“. – Идеално би било со взаемно признание. Ние би сакале да го видиме взаемното признавање на Србија и Косово како резултат на тој процес, посочи Палмер.
Тој не одговори на дополнителни прашања за тоа дали ставот на САД е во спротивност со позицијата на Германија дека договорот меѓу Србија и Косово за размена на територии може да го дестабилизира регионот.
Ново на Сител
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина
-
Пуштено во употреба метрото во Солун
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО