Македонија
4. November 2019 - 12:41

Палмер: ЕУ направи историска грешка

 

ЕУ направи историска грешка и испрати лоша порака за целиот регион со неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, порача денеска од Белград заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер.

– САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб, изјави Палмер на денешната зедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград