Палмер: Целта на САД и ЕУ е напредок на Западен Балкан, целта на Русија е несредена состојба
Целта на САД, ЕУ и земјите од регионот е иста – напредок, додека од друга страна, руското влијание повеќе одговара на корупција и несредена состојба, изјави заменик помошниот државен секретар на САД, Метју Палмер, во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој оцени дека е време лидерите на Западен Балкан да ја сфатат својата улога и земјите да ги поведат кон просперитет – ЕУ и НАТО.
Според Палмер, политиката на САД и ЕУ за Западен Балкан е единствена, а тоа е, како што вели, „заеднички да им помогнеме на државите на Западен Балкан успешно да го спроведат клучниот сет реформи и промени кои ќе им помогнат на патот кон евроатланските интеграции, што, секако, подразбира зачленување во некои од клучните институции, како ЕУ и НАТО“.
– Нашата визија, но и визијата на ЕУ е иста и многу едноставна – просперитетен и мирен регион кој е во мир со себе, но и со своите соседи, регион кој е добар составен дел на Европа, вели Палмер.
Тој додава дека визијата на САД и ЕУ за овој регион се разликува од визијата на Русија.
– Со цел да се осигураме дека земјите од Западен Балкан навистина можат сами да се спротивстават на ова малигно влијание од надвор, ние мора да се осигураме дека нивните институции ќе бидат функционални, одговорни, транспарентни и дека со нив се управува на добар начин, рече Палмер.
Тој истакна дека Соединетите Американски Држави се посветени на ова и дека работат на постигнување на оваа цел во тесна соработка со сите влади и институции во Западен Балкан.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.