Свет
22. July 2017 - 9:21

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги прекина сите контакти со Израел

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас, вчеравечер нареди да се замрзнат сите официјални контакти со Израел, се додека не се повлечат новите мерки за безбедност, воведени од еврејската држава на Ридот на храмот во Ерусалим.

-Од името на палестинското раководство објавувам прекин на сите контакти со окупациската сила на сите нивоа, се додека Израел не ги повлече своите мерки против палестинскиот народ, Ерусалим и особено џамијата Ал Акса, и не го почитува историското статус кво и правниот статус на џамијата Ал Акса, изјави Абас за палестинските медиуми, цитиран од ДПА.