Свет
24. December 2017 - 17:18

Палестински тинејџер стана 12 жртва од судирите на демоснтрантите и израелските сили

-  Палестинскиот тинејџер Мухамед Сами ал-Дахдух (19), кој на 15 декември беше повреден од израелските сили во судирот со демонстрантите, денеска им подлегна на повредите, изјави портпаролот на Министерството за здравство на палестинската власт, Ашраф ал-Кудра.

Палестинскиот тинејџер стана 12 жртва од судирите на израелските безбедносни сили со Палестинците, откако САД одлучија да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.

Вкупно 12 Палестинци беа убиени на 6 декември, 10 од нив на демонстрациите, а двајца при воздушниот напад врз Газа.

Меѓу убиените Палестинци е и Ибрахим Абу Тураја, ветеран од палестинскиот отпор кој ги загуби двете нозе во израелски напад. 

Официјален претставник на ОН побара истрага за убиството на Тураја, а израелската армија соопшти дека е „невозможно да се утврди што ја предизвикало смртта" на ветеран од палестинскиот отпор.