Свет
13. January 2016 - 12:13

Палестинец загина при израелски воздушен напад врз Појасот Газа

Палестинец беше убиен и тројца повредени во израелски воздушен напад врз Појасот Газа, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство.

Израелската армија потврди дека извела воздушен напад врз терористичка група, која се подготвувала да постави експлозиви против израелски сили распоредени по границата северно од Појасот Газа.

Според портпарол на Министерството Палестинците кои биле цел на нападот се наоѓале на плажа на крајната северна точка на Појасот Газа.