Свет
14. December 2017 - 9:26

Палестинците ќе се обратат до Советот за безбедност на ОН за полноправно членство

Палестинскиот претсеател Махмуд Абас изјави дека Палестинците „ќе се обратат до Советот за безбедност на ОН“ за полноправно членство во Светската организација откако САД одлучија да го признаат Ерусалим за главен град на Израел.

Абас кој зборуваше на вонредна средба на Организацијата за исламска соработка, не појасни како точно Палестинците имаат намера да станат полноправен член.

Тој рече дека ќе побара Генералното собрание да гласа за поништување на одлуката за членство на Израел во него.