Фудбал
11. јуни 2018 - 18:59

Палермо ќе игра против Фросиноне за кам-бек во Серија А

Екипата на Палермо ја елиминира Венеција  во полуфиналето  од плеј-офот за пласман во италијанската Серија А и сега и останува уште двомечот со Фросиноне за да се врати во елитата. 
Тимот на нашите интернационалци  Несторовски и Трајковски славеше со 1-0 во реваншот откако на првата средба резултатот гласеше 1-1. 
Трајковски го започна мечот од самиот почеток и директно ја водеше акцијата по која Домици си постигна авто-гол што и го реши победникот на оваа средба. Палермо имаше шанса и за 2-0 но Ла Гумина не реализира удар од белата точка. Илија Несторовски мечот го следеше од клупата. 
Противникот на Палермо во финалето од плеј-офот, Фросиноне одигра 1-1 против Читадела но се пласира во последната фаза благодарение на постигнатите 2-2 на гостински терен. 
Репрезентацијата на Србија денеска отпатува во Русија откако во последната контролка ја совлада Боливија со 5-1, резултат што им ги зголеми амбициите за подобар пласман на Мундијалот. 
Најубав од сите 5 погодоци беше четвртиот кој заврши по една долга акција во која учествуваа повеќе фудбалери а успешно ја заврши капитенот Бане Ивановиќ. 
Србија е во група со Бразил, Швајцарија и Коста Рика  и ќе игра во Самара, Калиниград и во Москва каде ја очекува средбата со кариоките.