Фудбал
26. January 2017 - 17:23

Палермо има нов тренер

Екипата на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, Палермо има нов тренер. На клупата на Палермо седна Уругваецот Диего Лопез. Тој потпиша договор со клубот до 30.јуни 2018 година, а ќе седи веќе на следниот натпревар против Наполи.
Лопез ќе биде четвртиот тренер на Палермо оваа сезона. Пред него на оваа позиција беа Давиде Балардини, Роберто де Черби, а последен беше Еугенио Корини.
Палермо по 21 одигран натпревар во Серија А се наоѓа на претпоследното место на табелата (19.место) со само 10 освоени бодови.