Македонија
20. August 2018 - 14:14

Паланчанка наседнала на измама од неготинец за работа во Германија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.К.(31) од Неготино, за сторено кривично дело „измама “.

Во текот на мај 2018 година, во повеќе наврати, пријавениот, со лажно претставување и прикажување на факти во врска со посредување и обезбедување на документи за работа во хотел во Германија, довел во заблуда лице од Крива Паланка и и нанел штета во износ од 22.780 денари.