Свет
28. March 2016 - 20:44

Пакистанскиот премиер вети дека ќе ги елиминира терористите

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф денеска вети дека ќе ги елиминира извршителите на терористички напади, како оној на бомбашот самоубиец кој вчера на Велигден уби најмалку 70 христијани во парк во Лахоре.

Војската спроведува рации во провинцијата Пенџаб, каде што се наоѓаат седиштата на неколку екстремистички организации.

Во Пакистан денеска е прогласена тридневна жалост поради нападот во Лахоре, а талибанскиот огранок, кој јавно ја поддржува Исламска држава, ја презеде одговорноста за нападот.

Во меѓувреме, во главниот град Исламабад, екстремисти втор ден протестираат пред Парламентот и други владини објекти.