Свет
3. December 2015 - 18:33

Пакистан не ги прими сите мигранти кои беа протерани од Грција

Пакистанските власти го вратија авионот со 30 мигранти во Грција, кои беа протерани од Атина. Според Исламабад нема докази дека тие се Пакистанци.

Чартер авионот слета во Исламабад, но властите ин забранија на 30 од вкупно 49 патници да го напуштат леталото, со образложение дека не можат да бидат идентификувани и поради тоа не можат да бидат протерани согласно Договорот за репатрација, потпишан во 2010 година меѓу Европската унија и Пакистан.

Авионот беше вратен кон Атина откако на 19 мигранти им беше дозволено да се вратат во Пакистан.

- Секое репатрирано лице, чии документи не се проверени, ќе биде вратен со истиот авион во земјата од каде е протеран, изјави пакистанскиот министер за внатрешни работи Чавдри Нисар Али Хан.