Пакетот социјални закони денеска пред пратениците
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ги продолжи 98-та и 93-та седница, на која пред пратениците се пакетот социјални закони.
На дневен ред на 93-та седница, се останати предлог законот за социјалната заштита, за социјална сигурност за старите лица и за заштита на децата, сите три по скратена постапка.
Овие закони кои беа презентирани во септември треба да овозможат воведување гарантиран минимален приход што ќе овозможи зголемување на помошта што корисниците ја добиваат од државата, како и олеснување на достапот до детски и образовен додаток.
Во рамки на продолжението на 98-та седница, пратениците денеска ќе треба да гласаат, откако вчера дискутираа по предлог законите за данокот на додадена вредност и за вработување и осигурување во случај на невработеност, двата во прво читање. На дневен ред на 98-та седница се наоѓаат повеќе закони во прво читање, меѓу кои Законот за катастар на недвижност, за урбанистичко планирање, за минимална плата, за волонтерството , како и годишни извештаи за работењето и финансиски планови на повеќе агенции и државни комисии.
Во Собранието, денеска се закажани и седници на собраниските комисии за финансирање и буџет и на законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот