Бизнис
19. October 2015 - 19:44

Пакетот од 11 мерки за малите и средни фирми им носи олеснувања од стотици милиони евра годишно

Со 11 олеснителни мерки во работењето се поддржани малите и средни претпријатија. Фирмите плаќаат најниски даноци, имаат олеснет пристап до евтини кредити, и плаќаат намален ДДВ на 15 производи.

Државата со мерките ги стимулира фирмите со стотици милиони евра годишно, а парите се обезбедуваат најмногу од приходната страна на буџетот потенцираше министерот Ставрески. Образложи зошто е одбиен амандманот на СДСМ со кој овие фирми би добивале само 15 милиони евра.

Ставрески потенцираше дека  над 1500 домашни мали и средни претпријатија можеа да ги искористат евтините кредити од ЕИБ кои им беа достапни уште на почетокот на кризата. Со проектите што ги имаат реализирано со овие пари се отворени над 6400 работни места. Државата овозможи и отпис на каматите за фирмите како и намалување на казните, а  се намалија и трошоците на компаниите за придонеси кои ги покрива државата преку проектот Македонија вработува.

Меѓудругото со бројните инфраструктурни проекти голем број од овие фирми работат како изведувачи. Поедноставени  се и процедурите за водење на бизнис и намалени се цените на катастарските услуги.