Пакети со храна на месечно ниво за социјало ранливи категории граѓани од Куманово преку проектот „Оброк за сите“
Пет семејства од Куманово и соседните општини добиваат храна на месечно ниво во рамки на пилот проектот „Оброк за сите“ финансиран од Фондот за иновации, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, соопшти денеска кумановскиот Црвен Крст.
– Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Куманово по иницијатива и соработка со невладините организации „Сите Сити” и „Ајде Македонија” се вклучи во програмата за дистрибуција на прехранбени семејни пакети за семејства од социјален ризик. Во програмата за оваа година предвидено е да бидат опфатени пет повеќечлени семејства од социјален ризик на кои еднаш месечно ќе им се дистрибуира фамилијарен пакет со конзервирана храна, изјави Бојан Петрушевски од кумановскиот Црвен Крст.
Годинава во проектот опфатени се три повеќечлени семејства од градот Куманово и по едно семејство од селата Драгоманце и Степанце.
– Се надеваме дека во иднина ќе успееме да го прошириме бројот на семејства кои ќе бидат опфатени со оваа програма, изјави Петрушевски.
Со оваа програма во вид на пилот проект опфатени се и семејствата од Прилеп и Скопје.
Ново на Сител
-
Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск