Балкан
4. July 2017 - 9:15

Пајат: Односите меѓу САД и Грција се темелат на заеднички стратешки интереси

Грција постигна и бележи раст и ние ќе ја поддржиме, изјави американскиот амбасадор во Атина, Џефри Пајат на прием по повод независноста на САД.

- Односите меѓу САД и Грција се моќни и ќе дадеме понатамошен импулс на нашата соработка, посочи Пајат.

Тој додаде дека врските меѓу двете земји се засновани на заеднички вредности и на заеднички стратешки интерес.