Македонија
20. May 2019 - 9:07

„Пајакот“ кренал 134 возила, 30 сообраќајки викендот во Скопје

За непрописно паркирање изминатиот викенд во Скопје се изречени 200 мерки, а „пајакот“ подигнал 134 возила.

Во  12 од вкупно регистрираните 39 сообраќајки со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 12 се полесно повредени.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 55 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца возачи почетници, а од сообраќај се исклучени и 48 нерегистрирани возила.

Изречени се санкции на 13 возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, девет кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 13 за неносење сигурносен појас, 31 за користење мобилен телефон.