Живот
5. September 2017 - 12:37

Пајак искаса цело семејство: На жената двапати и е оперирана ногата, мажот за малку ќе останеше без тестиси, а синот без рака

Лорен Боди од Рединг во Беркшир заврши во болница каде е оперирани двапати зошто ја гризнал пајак додека седела на ВЦ шољата. Од тогаш нејзиното семејство е преплашено. Пајакот предизвика хаос во нејзиниот дом, зошто ја гризнал и неа и нејзиното момче и синот. И на двајцата и требала медицинска помош.

Лорен забележала црвена точка на ногата додека била во бањата. Следниот ден местото и отекло, а оваа 27 годишна мајка на четири деца била во агонија. Докторите ја вратиле дома и и дале антибиотици. Состојбата и се подобрила, па по два дена повторно била во болнциа, но овој пат лекарите сфатиле дека мора на операција.

Нејзиното поранешно момче Лук (25) се грижел за четирите деца додека таа била во болница. Но и тој морал да дојде во болница зошто пајакот го гризнала за тестисите, а синот на Лорен Морган (5) завршил во болница со отечена рака.

Лорен рече дека пајакот толку и направил проблеми што сега ги убива сите пајаци на кои ќе наиде.

-Ужасни се. Загрижена сум дека би можеле да се вратат - вели Лорен Боди. - Никогаш не би помислила дека тоа може овде да се случи. Во болница постојано ме прашуваа дали сум била во странство.

Откако дошла дома, направила генерално чистење по дома и мислела дека сите пајаци ги истребила, но набрзо и требала уште една операција зошто пајак ја гризнал уште еднаш. Овој пат на грбот, а докторите морале да и отстранат дел од една тетоважа за да можат полесно да работат на 7 см. длабоката рана.

На крајот дошло до средба очи в очи со нејзиниот осмоног „архинепријател“ додека си играла со своите деца. Го фатила пајакот под чаша, но од страв децата случајно да не ја турнат чашата, пајакот го усмртила со папуча.

Лорен не смета дека тоа е одвратно, зошто има и лузни за да го потврди тоа.