Македонија
25. September 2020 - 19:47

Пахор со порака: Неодложен старт на преговорите со ЕУ

Унијата да покаже солидарност и дипломатска вештина за да почнат преговорите со  Македонија, бидејќи ова е прилика што не смее да се испушти, порача од Скопје словенечкиот престедател Борут Пахор.Тој апелираше Македонија и Бугарија што е можно побрзо да најдат заемно прифатливо решение, бидејки  блокадите само ке го отежнат процесот на изнаогање политички комромис.Тајмингот на неговата посета е клучен, токму кога во ЕУ се решава судбината на македонскиот пат кон ЕУ, истакна Пахор.

„Мојата посета тука не е случајна, не е случајно ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да нагласам дека сега е вистинската прилика да не се одложува меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави имаат колебања, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинско време за солидарност меѓу членките на ЕУ и за целата дипломатска вештина да стори сé меѓувладината конференција да почне без одложување. Словенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, посебно да кажам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуалниот пристап“, изјави Пахор.

Претседателот Пендаровски е оптимист дека несогласувањата со Бугарија ќе се расчистат и дека нема да има блокада за почетокот на првата Мегувладина Конференција.

„Сакам да го видам крајот на преговарачкиот процес кој се одвива во ЕУ. Не би ја коментирал почетната преговарачка позиција на Бугарија. Имаме намера периодов да го отвориме комуникацискиот канал со Софија. Би почекал следните недела-две како ќе се одвива преговарачкиот процес во Брисел. Има сигнали дека може да се најде компромис за неколку точки. Апсолутно сум убеден дека нашите бугарски пријатели нема да си дозволат да бидеме блокирани во декември“, изјави Пендаровски.

Словенецот денска се поклони и пред гробот на Гоце Делчев во  црквата Свети Спас, а по обраќањето во Собранието ќе оствари  средба со премиерот Заев, по што заминува за Охрид, каде присуствува на показна вежба на армиските сили.