Пахор: Словенија и Косово имаат одлични односи
Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска во Приштина оцени дека Словенија и Косово имаат одлични односи.
По средбата со неговиот косовски колега Хашим Тачи, Пахор, коментирајќи ја Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан, рече дека „Стратегијата начелно е добра, но има нејаснотии и прашања кои бараат подобрувања, кои тие ќе ги средат“.
Тој изрази уверување дека одличните односи и натаму ќе продолжат. Пахор потенцирашње дека Словенија ќе работи на мирот, благосостојбата и европската перспектива на Западен Балкан.
Тој истакна дека Словенија е значаен инвеститор на Косово, иако трговската размена е мала, но има тренд на зголемување.
Тој повика да се ратификува Спогодбата за демаркација на граничната линија со Црна Гора.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово изјави ќе ги исполни сите меѓународни обврски како и ратификацијата на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и ќе формира Асоцијација на општините со српско мнозинство.
- Косово изгради добри односи со сите соседи. Кога е во прашање демаркацијата тоа е косовско прашање и договорот е правичен, вели Тачи.
Тој рече дека со Србија работата на имплементација на сите досега постигнати договори.
- Ние ќе продолжиме да бидеме активни во борба против екстремизмот и тероризмот и сите предизвици ќе ги надминеме во европски дух, рече Тачи.
Тој подвелече дека целта на Косово е членство во ЕУ, НАТО и ОН.
Оценувајќи дека односите меѓу Косово и Словенија се исклучително добри, тој ги повика словенечките бизнисмени да инвестираат на Косово, бидејќи е создадена добра клима за тоа.
Тачи изрази уверување дека петте држави кои досега не го признаа Косово, ќе го сторат тоа „бидејќи Косово е единствен случај и не може да се спореди со Каталонија“.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите