ПАХО: Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани
Северна и Јужна Америка се соочуваат со пандемија на невакцинирани, соопшти Пан-американската здравствена организација (ПАХО), која предупреди дека земјите со низок опсег на вакцинација имаат зголемен број заразени од Ковид-19 и повторно ги повика земјите кои располагаат со поголем број вакцини да ги донираат.
– Се соочуваме со пандемија на невакцинирани, а единствениот начин да се запре тоа е ширење на вакцинацијата, рече директорката на ПАХО, Кариса Етјен.
Таа додаде дека вакцината е клучна, дури и ако ниту една вакцина не е сто отсто ефикасна.
– Само 15 проценти од луѓето во Латинска Америка и на Карибите се целосно вакцинирани, рече таа, додавајќи дека оваа бројка не е прецизна, бидејќи некои земји како Хондурас и Хаити не вакцинирале ниту еден процент од населението.
Етјен повторно ги повика земјите со доволно дози што побрзо да ги распределат на оние на кои им се потребни.
– Очигледно дека ни требаат повеќе вакцини и тоа сега. Во моментов, донирањето вакцини е навистина единствениот начин за многу земји во нашиот регион брзо да ги обезбедат потребните дози, додаде таа.
Во двете Америки, минатата недела се регистрирани 967.000 нови случаи и 22.000 смртни случаи, што е мало намалување од претходната недела.
Според Етјен, епидемијата се забрзува во поголемиот дел од Централна Америка и на помалите карипски острови, додека бројот на заразени и смртни случаи се зголемува во Куба, а жариштата сè уште постојат во амазонските региони Колумбија и Перу.
Ново на Сител
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи