Бизнис
12. March 2017 - 16:36

Паѓа цената на становите

Цената на становите и натаму паѓа. Лани просечната цена на метар квадратен на државно ниво изнесувала 43.000 денари и е за 3.000 денари пониска од просечната цена во 2015 година или забележан е пад на цените од 6,5%.

Во  Скопје лани просечната цена според државниот завод за статистика изнеусвала 50,829 денари односно прсечната цена на квадрат во главниот град за една година се намалила за 2000 денари или за околу 4%.

Градежниците пак не се согласуваат со статистиката. Тврдат немаат непродадени станови и продаваат по исто цени како и претходно. Според нив, заради политичката криза интересот з акупување стан дури и се зголемил.

Трендот на пад на цената на становите го потврудва и регистарот на цена на катастарот.  

Од таму велат дека пониската цена се должи на намалената побарувачката.

Во поседниот квартал лани се продале 362 стана или дури 280 помаку споредено со третиот квартал.