Македонија
14. September 2017 - 12:19

Паднал од кров, удрил во ограда - работник од Штип се бори за живот

Вчера околу 20.00 часот на ул. „Кирче Димитриев“ во Штип, додека С.Ј. (57) изведувал градежни работи на неговата  семејна со неговите роднини, во еден момент изгубил рамнотежа и паднал од кровот од висина од околу 4,5 метри.
 
С.Ј. паднал на оградата, при што се здобил со тешки телесни повреди.
 
По укажаната лекарска помош во Медицински центар Штип, поради сериозноста на повредите, С.Ј. бил однесен во Клинички центар Скопје. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Штип.