Македонија
7. September 2018 - 10:36

Паднал на плочникот и тешко се повредил: Велосипедист од Кичево удрил во паркирано возило натоварено со цевки

Вчера во 10.30 часот на ул.„Партизански одреди“  во Кичево, С.С. (77) од Кичево, управувајќи велосипед, удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на О.Р. (44) од Кичево, а кое на покривот имало метални цевки.

Во моментот кога велосипедистот поминувал покрај возилото, со главата удрил во цевките и паднал.

Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево бил препратен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.