-->
-->
Паднаа во вода манипулациите на Заев од бомбите: Европскиот суд со одлука дека за случајот Нешковски МВР работело брзо и ефикасно
-->
Целосно паднаа во вода манипулациите на опозицискиот лидер Зоран Заев од објавените нелегално прислушувани материјали кои се однесуваа на случајот со убиството на Мартин Нешковски. Највисокиот суд на ЕУ донесе одлука според која МВР за овој случај работело брзо и ефикасно.
Ефикасна истрага спровеле истражните органи при утврдување на причините за смртта на Мартин Нешковски, а државата ги исполнила сите критериуми утврди Европскиот Суд за Човекови Права во Стразбур.
Постапувајки по жабата поднесена од Ленка Нешковска, мајка на починатиот Мартин Нешковски, судот ги одбил нејзините наводи, констатирајки дека не било повредено правото на живот загарантирано со конвенцијата.
– Семејството се жалеше по однос на постапката во однос на инволвираноста и на други лица кои не биле опфатени со постапката, но Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта, односно дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на ЕСЧП во истоветни случаи, изјави Коста Богданов, застапник на Македонија во ЕСЧП.
Според универзитетската професорка Билјана Ванковска, семејството е користено како паричка за поткусурување. Вели дека не знае кој адвокат ја натерал кутрата мајка да оди до Стразбур да бара правда, кога и овде пресудата е сосема очекувана и објективна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација