Македонија
22. јуни 2022 - 21:23

Падна владата на Петков - бугарскиот парламент утре ќе расправа за францускиот предлог

Со 123 гласа за и 116 против падна владата на Кирил Петков. Попладнево пратениците гласаа доверба откако ИТН ја напушти владината коалиција поради несогласувањата околу тоа дали и на кој начин треба да биде дигнато ветото за Македонија. Мандатот за нова влада повторно ќе му биде понуден на лидерот на Промените продолжуваат Петков кој по оваа седница рече дека ќе се обиде да формира влада со независните пратеници а доколку не успее ќе одат на нови избори. Со ова се понеизвесно останува прашањето што Бугарија ќе соопшти на утрешниот самит на ЕУ. По владината седница попаднево Петков рече дека за него најдобро решение е францускиот предлог но  и натаму е на ставот дека Собранието треба да ја донесе последната одлука.

Согласен на францускиот предлог е и претседателот Румен Радев и лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко БOрисов.

Инаку во овој предлог се вметнати сите бугарски барања според она што го објавија бугарските медиуми . За да се почнат преговорите Македонија најпрво ќе мора да го смени Уставот и да ги вметне бугарите, но Македонија комплетно ќе треба да се откаже од своето малцинство во Бугарија. На тврдината во Охрид да се истакне натпис дека Самоил бил бугарски цар и да се постават вакви табли пред сите негови споменици.Според документот должни сме на Бугарија да и ги испратиме сите учебници и наставни материјали за да направат анализа што да се измени во нив. Рокот за ова е 2 години, а ќе треба да се направат промени на сите табли на спомениците кои сведочат за бугарското фашистичко минато. За овие детали БГНЕС пишува дека се дел од протоколот кој го договориле Османи и Генчовска на последната средба.

Како што најави Петков утре во 14 ч одново ќе заседава комисијата за надворешна политика при Собранието во Бугарија, откако денеска ја одложија седницата.

Партијата на Турците во Бугарија до СОбранието веќе доставиле предлог одлука за прифаќање на францускиот предлог.