Џет-Сет
18. December 2016 - 11:33

Падна тежок бакшиш: Сања Барбика „жнее“ само крупно!

Фолкерката Сања Барби Цинцева речиси и да нема ден без настап, а примарна локација и е Тиквешијата.

Особено кавадарчани, кафеанските вечери залеани со вино и ракија ги уживаат со настапите на Сања, која со оглед на ангажираноста ги задоволува вкусовите и за уши и за очи.

Дека обожавателите не се штедат на џебот кога Барби пее, докажува една понова фотографија од Фејсбук на која атрактивната пејачка има сноп илјадарки од кои не се гледа ни микрофонот.

Очигледно Сања е вешта, но и задоволна од  „жетвата“, па поради тоа ретко менува територија.