Македонија
16. December 2018 - 8:14

Падна првиот снег во Скопје

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен дo засилен северозападен ветер. Во северозападните и западните делови на земјава ќе има врнежи од снег. Се очекува да се формира снежна покривка.
 
Дневните температури ќе бидат во Скопје, Маврово и Крива Паланка 4 Целзиусови степени, Охрид 6. Прилеп 5,Кавадарци 9, Берово 3, Гевгелија 10 степени.
 
Утре времето ќе биде облачно и постудено, ќе има повремени врнежи од дожд и снег, наместа ќе има и појава на голомразица, дневните температури во текот на денот ќе опаѓаат, поради спуштање на постуден воздух од север.
 
Максималните дневни температури ќе се движат од 1 во Берово и Крива Паланка, 2 во Маврово, 4 во Скопје и Охрид до 5 степени во Кавадарци и 6 во Дојран.