Македонија
5. February 2020 - 18:34

Падна првиот снег во Охрид

Охрид осамна под бела покривка .Влажни коловози и тротоари со остатоци од снег, и машини на јавните претпријатија кои ги расчистуваат улиците ваква е сликата во главниот туристички центар. Во градот наврнаа околу 10 сантиметри снег кој предизвика и некои штети како паднати дрвја и гранки.

Снегот освен што го разубави зимскиот амбиент, не предизвика потешкотии во движење на автомобилите и пешаците.

Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ подготвени на терен го расчистуваат снегот тие велат дека најнапред третирани се улиците со највисок ризик и приоритет во зимски услови  со абразивни средства а се отстрануваат и снежните наноси по чаршијата, тротоарите и јавните пешачки зони.