Балкан
22. October 2018 - 8:42

Падна првиот снег во Црна Гора: Се забели на Дурмитор

Како што најавија метеролозите, снег почна да паѓа во некои краеви на северот од Црна Гора.

Се забели делницата од патот Жабљак - Мала Црна Гора.

На фотографиите може да се види дека почнала да се формира снежна покривка.

 
На север за во понеделник е најавено претежно облачно време, главно во попладневните часови, а во текот на ноќта ќе врне дожд во некои предели.