Падна пресуда за педофилот од Велес: Седум години затвор за силување дете (10)
Елвдини Зумберов (19) од село Мелница во близина на Велес е осуден на седум години затвор поради педофилија.
Казната вчера ја изрече судија од основниот суд во Велес, а Зумберов го призна делото.
Монструозниот чин се случи на 27.јули минатата година околу 19 часот. Зумберов таа вечер го пресретнал десетгодишното дете кое од селската продавница се враќал дома.
Гледајќи дека нема никој во близина, Елдини Зумберов го зграпчил детето и го однел во сокакот малку подалеку од неговата куќа и тука крвнички го силувал.
По грозоморниот чин, детето едвај некако се довлекло до куќата, но од срам таа вечер не смеел ништо да им каже на родителите. Дури утредента неговата мајка забележала дека тој чудно се однесува.
Бил исцрпен и тешко се движел, по што детенцето и признало на мајката што му се случило претходната вечер. Мајката случајот истиот ден го пријавила во полицијата во Велес, која набрзо го уапсила 19 годишниот педофил.
Над злоставуваното дете е извршен лекарски преглед во болницата во Велес, а по консултација со јавен обвинител тој со мајката е испратен и на Судска медицина во Скопје.
Со измените на Законот за кривична постапка од февруари 2014 година, во Македонија е дозволена хемиска кастрација на педофили. Меѓутоа по зачестеното силување на деца, огорчените граѓани преку социјалните мрежи почнаа да бараат построги казни.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.