Балкан
24. July 2019 - 14:16

Падна под тркалата: Девојка во Турција загина откако излезе од автобус во движење, и немаше спас, возилото ја прегази

Во турскиот град Гебзе се случи бизарна несреќа во која на 16 јули смртно настрада 18-годишната патничка Гунах Асар.

Имено, возачот на автобус од јавниот превоз ја отвори вратата, иако автобусот се уште не застана на станицата каде патничката Гунај Асар тргна да изелезе.

Останува нејасно поради што девојката непромислено тргна да излезе од автобусот што се уште беше во движење.

Откако стапна на бетонот полета под тркалата на автобусот кој премина преку неа неа оставајќи ги во чудо сите пристуни патници.

Возачот го запре автобусот и со патниците излезе надвор за да и помогне на несреќната девојка.