Свет
16. December 2018 - 10:44

Падна осмата жртва на протестите на „жолтите елеци“: „Макрон оди си“, ечеше низ Париз, 115 лица уапсени

Францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане, синоќа изјави дека уште едно лице загинало во протестите на движењето „жолти елеци“, со што бројот на загинати од почетокот на протестите во средината на ноември се зголеми на осуммина.

Кастане на својот „Твитер“ профил изјави дека најновата жртва настрадала во ноќта меѓу петокот и саботата.