Свет
16. March 2018 - 9:01

Падна крв на улиците на Мадрид: Судири на полицијата и демонстрантите поради смртта на продавач, има и повредени

Полицијата во Мадрид употреби гумени куршуми за да растера мигранти кои протестираа во центарот на градот поради смртта на 35-годишен сенегалски уличен продавач, кој според нив бил прогонуван од полицијата за нелегална продажба.

Според спасувачките служби, Сенегалец бил пронајден во бесознание во кварт со големо имигрантско население. Други улични продавачи велат дека биле сведоци како локални полицајци го гонеле со мотоцикли и тој колабирал.

Стотиците демонстранти изгореле пластични контејнери за отпад и мавале со камења врз полицајците. Тие, исто така, ја запалиле фасадата на филијала на банка и скршиле стаклени панели на автобуска станица.

Во судирите се повредени 16 полицајци и четворица цивили