Loading Video...
Свет
3. July 2020 - 12:41

Падна француската влада откако премиерот Едуард Филип денеска поднесе оставка

Во Белград прогласена вонредна состојба со цел спречување на ширењето на корона вирусот откако во земјата вчера беа регистрирани 359 нови случаи во Србија.

Српскиот претседател Вучиќ синоќа најави дека сите угостителски објекти што немаат тераси во Белград ќе бидат затворени на две недели во периодот од 23 часот до 6 часот, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Парично ќе се казнуваат лицата кои нема да носат заштитни маски во трговските центри и јавниот градски и меѓуградски превоз, а ќе бидат затворени и студентските домови затоа што голем број студенти се заразени.

Тоа истовремено предизвика незадоволство меѓу студенстката популација која вчера одржа протести со блокирање на улиците во српската престолнина.

АД вчера регистрирале повеќе од 55 000 нови случаи со ковид-19, што е нов светски рекорд по бројот на заразени во еден ден. Американскиот претседател Доналд Трамп бројките ги оправдува со масовно тестирање.

Се забележува раст на новите случаи со коронавирус затоа што нашето тестирање е толку масовно и толку добро што е далеку поголемо и подобро отколку во која друга земја,

Објави Трамп на Твитер додавајќи дека уште подобра вест е тоа што бројот на смртни случаи е во опаѓање.

Падна француската влада откако премиерот Едуард Филип денеска поднесе оставка од функцијата шеф на владата, соопшти Елисејската палата.

Со оваа одлука всушност во оставка е и целата влада, чекор кој веќе еден месец го најавува претседателот Макрон кој најави дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде пропратена со нов тим во Владата.  

Новата фаза бара нови цели на независност, реконструкција, помирување и нови методи. Зад тоа ќе стои нов тим, истакна претходно Макрон.

Пред една недела Филип прогласи победа на неделните локални избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авр. Едуард Филип е премиер на Франција од 15 мај 2017 година