Македонија
24. July 2021 - 11:56

Падна дрво во близина на основно училиште во Центар, повредено едно дете | ФОТО

Во близина на училиштето „Коле Неделковски“ синоќа паднало повеќегодишно стебло и при тоа повредило дете. Детето се спасило само поради тоа што дрвото паднало врз непрописно паркирана кола и не му нанело тешки и животозагрозувачки повреди.

 -Вчера, во непосредна близина на влезот на ООУ Коле Неделковски, падна уште едно дрво. При извршениот првичен увид, дрвото е паднато поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата Орце Николов.

 Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветерн напиша на Фејсбук.