Loading Video...
Фудбал
14. јуни 2019 - 15:12

Пад од пет места на Македонија на ФИФА листата

Пад од пет места бележи фудбалската репрезентација на Македонија на најновата ФИФА ранг листа 
 
Двата порази во дуелите со Полска и Австрија во квалификациите за Европското првенство 2020 година, и донесоа пад од дури пет места на фудбалската македонска репрезентација
 
Негативните резултати во јунскиот квалификацискиот циклус значеа и прекин на одличната серија без пораз на домашен терен која траеше речиси две години, па сега Македонија е на 73-та позиција на ФИФА-та ранг листа. 
 
На врвот на листата остана Белгија пред Франција, Бразил и Англија. Португалија која ја освои Лигата на нации направи прогрес за две позиции и сега е на петтото место.
 
Листата на „ТОП 10“ ја пополнуваат редоследно:  Хрватска, Шпанија, Уругвај, Швајцарија и Данска.