Македонија
28. December 2015 - 18:09

Пад на температурата, еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на магла. Попладне ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од осум до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до девет степени.

Во среда ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со слаб локален дожд и снег, особено во југоисточните делови. До недела ќе се задржи суво и студено време.