Бизнис
28. April 2017 - 20:34

Пад на странските директни инвестиции и на индустриското производство поради политичката криза

Политичката криза ги стопи инвестициите. За два месеци од 2017 НБРм пресмета дка минусот изнесува близу 13 милиони евра. Колку кризата влијае на инвеститорите се гледа од споредбата со лани. Во првите два месеци од 2016 во земјава имало околу 90 милиони странски директни инвестиции.

Заради случувањата дел од инветсоторите кои имаа одлуки за инветсирање, се уште не почнале да ги реализираат вложувањата, а некои и решија воопшто да не доаѓаат во земјава.

Политичката криза влијае и на постоечките капацитетити. Индустриското производство се намалува во континуитет. Во март падна за 0,9%, а падот во првиот квартал изнесува 1,5%.

Негативата кај рударството изнесува 5,3%, а кај преработувачите кои се носители на индустријата во земјата негативата изнесува 2,8%.

За годинава и домашните власти и меѓуародните финансиски институции прогнозираа раст на економијата од околу 3%, но само ако политичкта криза биде надмината.