Бизнис
14. January 2021 - 8:58

Пад на продажбата на возилата на „Фолксваген“ за 15,2 отсто во 2020 година

Продажбата на автомобили на германската компанија „Фолксваген“ опадна за 15,2 отсто во 2020 година, на светско ниво. Главна причина за тоа е пандемијата на коронавирусот.

Компанијата соопшти дека продажбата значително се подобри кон крајот на годината и дека бројот на продадени електрични возила е зголемен за трипати.