Бизнис
1. јуни 2020 - 16:40

Пад на преработувачката индустрија од 40% за април - во текстилната индустрија пад од 62%

Затворените погони во април го намалија производството на текстил за 62%. Во тој период некои од текстилните фабрики затворија на две до три недели да за се спречи ширењето на вирусот. Силен пад од 44% има и во производството на облека, констатира државата статистика. Тоа главно се должи на намалениот број работници во секторот.

Текстилците не се оптимисти ниту за мај. Во Штип расте бројот на заразени текстилни работнички што ќе има силно влијание на производството. Отежнатно е снабдувањето со суровини, како и извозот. Сепак, Димитров вели дека целосно затворени се 7% од фабриките. Бројот на работници кои останале без работа, според него, се уште не е алармантен.

За разлика од текстилците кои не можат да предвидат како ќе продолжат да работат, фармацевтите тријат раце. Паниката заради корона вирусот во април го зголеми производството во овој сектор за над 100%. Вкупно, во април кај индустријата има намалување од 40,5%, во рударството 17%. Според државата статистика, од јануари до април годинава индустријата паднала за 12%.