Пацоли: Србија може да стане фактор на мирот во регионот
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли изјави дека на Балканот му е потребна стабилност и оти Србија може да игра конструктивна улога во тоа и да стане фактор за мир, но и дека мора да се „соочи со реалноста“.
На прашањето што е негово решение за Косово, а двете страни да бидат задоволни, со оглед на тоа што за Србија Косово е дел од нејзината територија, а за Албанците држава, Пацоли во интервју за „Блиц“ вели дека тоа е „взаемно почитување, меѓусебна соработка и прифаќање на реалноста дека постојат две држави кои треба да градат иднина за своите граѓани“.
Пацоли ја повтори својата оценка од пред 10 години дека Србија отсекогаш била фактор во регионот, но додаде дека „за жал, била фактор на уништување и крвопролевање во 20-от век".
На забелешката дека тоа е премногу груба констатација и да ги наведе причините за таквиот став, Пацоли изјави дека Србија може да игра конструктивна улога и да стане фактор на стабилноста и мирот во регионот и оти мора да ја одигра својата улога.
Според него, Србите се добри луѓе, но оние кои извршиле злосторства за време на војната мора да одговораат пред суд.
„Блиц“ информира дека барањето за интервју со Пацоли му било испратено на англиски јазик, додека тој ги вратил одговорите на српски и на кирилица.
Ново на Сител
-
Трајановски: На Шилегов му оставив полна каса пари и готова комплетна документација за проекти со кои тој сега се фали
-
Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа
-
Поддржани измените на Законот за лекови и медицински средства во собраниската Комисија за здравство
-
Заев – Галовеј: Се интензивира соработката со Велика Британија
-
Димитриеска – Кочоска: Сетот мерки не е една милијарда евра, туку се 344 милиони евра
-
Митева: СДСМ и Царовска создадоа хаос во образованието
-
Стоиљковиќ: Србија може на Македонија да и отстапи 90.000 кинески вакцини
-
СП Ракомет: Катар ја совлада Аргентина